(ВИДЕО) А СЕГА-НАЗАД ВО ЗАТВОР: Мексико почна процес на испорачување на Ел Чапо!
Мексико официјално ја започна процедурата на испорачување на нарко босот Хоакин Ел Чапо на САД, три дена откако познатиот криминалец е фатен после повеќемесечна драматична потрага.
Претставници, меѓутоа, предупредуваат дека процесот на испорачување би можел да потрае, со оглед на тоа дека се очекува адвокатите на Гусман да поднесат жалба и да преземат други законски чекори кои би му овозможиле на нивниот клиент да остане во Мексико, каде веќе дватапати успешно бегаше од максимално обезбедениот затвор.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/09YX_eXEZxk[/embed]Синоќа, властите во Мексико официјално известија дека Ел Чапо го бараат во САД. Во соопштението на канцеларијата на мексиканскиот државен тужител се наведува дека мексичките агенти кои работат за меѓународната полициска агенција Интерпол му испорачале на Гусман два налози за апсење. Адвокатите на нарко босот сега имаат три дена да претстават аргументи против испорачувањето и 20 дена да претстават докази за тие аргументи, покрај цела низа други тужби кои веќе почнале да пишуваат.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/y6f43-HVJC8[/embed]Моќниот нарко картел на Синалоа криумчари огромни пратки на кокаин и марихуана и произведува и транспортира метамфетамини и херион воглавно во САД. За него е издадена потерница во повеќе американски сојузни земји, а неговото бегство од мексиканскиот затвор во јули многу ја засрами владата на претседателот Енрике Пенја Нијет и ги влоши односите на САД и Мексико.
