(ВИДЕО 18+) ПУКАЊЕ ВО ОХАЈО: Напаѓач пукал во бар, повеќе жртви
Пукањето според извештаите на локалните медиуми се случило во градот Хамилтон во Охајо, а повеќе лица се повредени.
Полицијата дошла на лице место околу два часот утрото по локално време, а првите извештаи говорат дека има најмалку две жртви, и повеќе повредени. Имињата на жртвите уште не се објавени. Останатите жртви се однесени во болница.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/thehaussman/status/757124656004534272?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Полицијата го обиколила местото во кое дошло до пукање. Инаку, во овој локал и во 2015 година дошло до пукање, кога две лица ги изгубија животите.
Очевидец на пукањето Толу Адесех рекол дека слушнал 15 пукања, и дека изгледало како пукањето да траело со часови. Еден од сведоците кој присуствувал на напдот раскажал како видел повеќе луѓе со пиштоли, но не и кој го започнал нападот.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/KristenSwilley/status/757133743656169472?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]„Луѓето лежеа на под и се правеа мртви. Покрај мене лежеше девојка која почна да плаче, и реков дека мора да молчи и да се прави дека е мртва“, раскажал тој.
Страшната ситуација ја снимиле сигурносните камери во барот во кој дошло до пукање.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/RGohlk46uac[/embed]