Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+18) Поради негрижа, Македонец во агонија почина во затвор во Детроит

(ВИДЕО+18) Поради негрижа, Македонец во агонија почина во затвор во Детроит

Откако не успеал да ја плати казната од 750 евра за сообраќаен прекршок, Давид Стојчевски бил осуден на 30 дена затворска казна.

Триесет и три годишниот Давид, за две недели изгубил 25 килограми, а бидејќи бил зависник од метадон бил префрлен сам во ќелија со 24 часовен надзор поради превенција од евентуални нагони на самоубиство. Според правилата, во таа ќелија тој е сосема гол.

Но, полицискиот надзор не бил постојан, па така во најголемите кризи на Давид никој не реагира.

Видеото што е со вознемирувачка содржина, а го објави неговото семејство, може да се видат последните мигови на Давид поминати во агонија. Тој чудно се однесува, халуцинира и лежи на подот, но од другата страна нема реакција. И покрај јасните знаци на кризи, властите на затворот не му ја дале метадонската терапија.

- Тоа може да биде твојот син или мојот син и сум шокирана, искрено сум шокирана да мислам дека сме во Обединетите американски држави, изјави Дона Роквел, Затворски психолог и експерт за зависности.

Една година по смртта на Давид, неговото семејство одлучува да покрене тужба против американските затворски власти, а видеото го објавиле само за да покажат пред јавноста што се случува во затворите.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=9hRZRYBZHc8[/embed]
Слично

Поврзани вести