(ВИДЕО 18+) Пеколот одблизу: Сириската земја е посеана со трупови на терористите
Тв каналот „Ѕвезда“ објави видео од Сирија, на кои се гледа како владините трупи ги напаѓаат позициите на терористичката група „Исламска држава“. Камерата ги снимила и последиците од крвавите борби помеѓу војската и екстремистите. На територијата на Сирија во моментов се води активна борба против терористите.
Владините сили ги наметнуваат нападите од сите клучни насоки: загубите на „Исламска држава“ се огромни - како во техника, така и во жива сила.
Победите на владините трупи се должат и на успешните воени напади на руската авијација. Симулантни рафали од проектили по објектите на терористите, беа истрелани од руските бродови кои се наоѓаат во Каспиското море и Медитеранот. Во исто време стратешките бомбардери „Ту-160“ уништиле десетици цели на исламистите. Само ракетите истрелани од Каспиското море вчера уништиле над 600 терористи.
Руската борбена авијација уништила во Сирија 23 бази на „Исламска држава“, изјавил министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу за време на состанок, спроведен кај претседателот Владимир Путин.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/xFP04RlVEJA[/embed]