(ВИДЕО 18+) Очевидец го снимил со мобилен телефон масакрот на туристите во Тунис
Очевидец го снимил масакрот на странските туристи во хотелот со пет ѕвезди во Тунис што вчера го потресе светот.
Снимката е качена на сајтот за видео споделување YouTube.
На снимката се гледа колку многу се исплашени и во паника туристите и вработените на хотелот
На плажата и на уличките до хотелот лежат телата на убиени, при тоа пукањето не стивнува.
Членови на социјалните мрежи раскажуваат дека на плажата владеел "апсолутен ужас".
Властите на Тунис планираат да затворат 80 џамии за поттикнување на насилство по нападот на хотелот, во кој загинаа најмалку 39 лица. Ова го соопшти агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на премиерот на земјата. Претходно стана јасно дека атентаторот посетил сомнителни џамии, каде се сретнал со исламисти.
Според зборовите на премиерот Хабиб Есид, ќе бидат затворени оние џамии кои се наоѓаат надвор од државна контрола. Во врска со терористичкиот акт во туристичките зони на земјата се засилени мерките за безбедност. Многу од туристите се одлучиле да ги прекинат паузите и да се вратат дома итно.
Мнозинството од загинатите во Тунис се Британци, изјавил премиерот Хабиб Есид. "Потоа се Германците, Белгијците и другите националности", објаснил тој, додавајќи дека има жртва и од Франција. Тој прецизира уште дека загинатите се 38. Во претходните извештаи за 39 убиени бил вклучен и напаѓачот, кој загина за време на нападот во Сус.
Претходно британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд ја потврди смртта на петмина британски државјани, а Ирска исто така, објави за една жртва.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/cXhkxP4fZrw[/embed]