(ВИДЕО 18+) НОВ НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Маж искасапи жена, двајца повреди,полицијата го совладала!
Германската полиција уапси маж кој денес во германскиот град Ројтлинген со мачета убие една жена, а уште две лица повреди , пренесе Франс прес.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/AmichaiStein1/status/757241916182454274?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]
Полицијата во Ројтлинген соопшти дека напаѓачот е 21-годишен барател на азил од Сирија.
Сириецот, според наводите на полицијата „имал кратка расправа со жената“ и ја убил со мачета, а повредил уште една жена и маж, додека мотивите на нападот уште не се познати.
Мажот жртвите ги нападнал во близина на продавница каде се продаваат ќебапи. Извадил мачета и почнал да мава кон луѓето.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/BILD_Stuttgart/status/757241337427156992?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]
Нападот следи во ек на напнатост после масакрот во трговскиот центар Олимпија во Минхен, каде 18-годишен Германец со иранско потекло со огнено оружје убие девет лица и повреди 27.
Германија пред недела дена ја потресе и нападот на 17-годишен барател на азил од Авагнистан, кој во воз во Баварија се секира и нож повреди пет лица, за што одговорноста ја презеде Исламска држава.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/TRvDuIoK9GI[/embed]
Нема индиции дека нападот во Ројтлинген е терористички чин, соопшти полицијата во Германија
„Истрагата засега покажува дека нема индиции дека се работи за терористички напад“ се наведува во соопштението на полицијата во тој град.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/AbraxasSpa/status/757243291528069120?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]
Како што се наведува, младиот напаѓач и е „познат на полицијата“ и е уапсен неколку минути после нападот, во близина на местото на злострорството.
Локалните медиуми наведуваат дека во градот непосредно после инцидентот завладеала паника, но полицијата соопштила дека нема опасност за жителите на градот и околината.
Слично
