Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО 18+) НОВ ХОРОР ОД ЏИХАДИСТИТЕ: Им ги отсекле главите оти се занимавале со МАГИЈА!

(ВИДЕО 18+) НОВ ХОРОР ОД ЏИХАДИСТИТЕ: Им ги отсекле главите оти се занимавале со МАГИЈА!

Маскирани терористи од „Исламска држава“ убиле двајца мажи кои предходно ги обвиниле дека се занимаваат со магија. Егзекуцијата е извршена во Либија.

Во последното варварско видео, мажите се врзани на очите и во портокалови одела ги носат заробениците од автомобилите пред насобраната маса на луѓе во Триполи за да ги убијат.

Мажи и деца, од кои некои се качиле на колите за да имаат подобар поглед, ги гледаат обвинетите како клечат на колена, а потоа екстремистите им ги сечат главите.

По егзекуцијата, многумина од нив викаат „Алах акбер“. На видео снимката се гледа како обезглавените тела се внесуваат во кола на брза помош.

Западните функционери изјавиле дека од Велика Британија и САД во тајност се пратени командоси да ја надгледуваат ситуацијата во централна Либија бидејќи стравуваат дека таму екстремистите би можеле да направат нова војна.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/cOSCaFxDkew[/embed]

Имено, како што пренесе „Нјујорк тајмс“ „Исламска држава“ ја губи војната во Сирија и Ирак, а терористите сега ја гледаат Либија како тактичка земја за продолжување на џихадот.

„Исламска држава“ веќе воспоставила контрола над областа Триполи и формирала локална полиција. Терористите веднаш почнале да ги спроведуваат ригорозните интерпертации на исламските шеријатски закони, со што забраниле музика, им наредиле на жените да носат вел и почнале да мачат луѓе.

Слично

Поврзани вести