Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО 18+) НАСЕКАДЕ ТЕЛА И МИРИС НА СМРТ: Ужасни слики после бомбардиран пазар во Сирија!

(ВИДЕО 18+) НАСЕКАДЕ ТЕЛА И МИРИС НА СМРТ: Ужасни слики после бомбардиран пазар во Сирија!

Антивладината Сириска опсерваторија за човекови прва, со седиште во Лондон , соопшти денес дека 40 лица загинале во напад на сириската војска во кој ракети паднале на еден пазар во областа која е под контрола на бунтовниците недалеку од Дамаск, пренесе АФП.

Bombardovanje-u-Siriji-1

Според тврдењата на Опсерваторијата, ракетите кои ги исфрлиле владините сили паднале на еден пазар во центарот на Дума, град оддалечен приближно десет км од Дамаск.

Директорот на таа организација Рами Абдел Рахман рекол дека во нападот на тој град во најголемото бунтовничко подрачје на Источна Гута во провинцијата Дамаск се повредени најмалку стотина лица.

Bombardovanje-u-Siriji-2

Според неговите зборови, се очекува бројот на жртви да биде поголем, а ракетната и минофрлачка интервенција уште трае.

Опсерваторијата тврди дека во четврток во воздушни напади во Дума е погоден пазар и болница, и дека загинале најмалку девет лица.

Bombardovanje-u-Siriji-3

Од почетокот на конфликтот во Сирија во март 2011 година загинале повеќе од 205 ооо лица.

Погледнете го видеото:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/4FT1w7wJ-HA[/embed]
Слично

Поврзани вести