Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО 18+) Еве како е погоден рускиот авион во Сирија: Терористите објавија фотографии од убиениот руски пилот

(ВИДЕО 18+) Еве како е погоден рускиот авион во Сирија: Терористите објавија фотографии од убиениот руски пилот

Руското министерство за одбрана потврди дека екстремистите во Сирија собориле руски авиони Су-25 и соопштило дека пилотот кој успеал да излезе од Сухојот го убиле терористите.


На социјалните мрежи се појави видео снимка од моментот кога ракета го погодила рускиот сухој, а терористите хистерично извикуваат „Алах, акбар“!. На едно видео се гледа и како пилотот се катапултирал од авионот во пламен.


„Руски борбен авион Су-25 се урна на 3-ти феврури над зоната на деескалација во Идлиб. Пилотот пријавил дека се катапултирал од областа која е под контрола на есктремистите Џабхат ал Нусра“, навело министерството.


Пилотот како се додава е убиен во борба против терористите. Според прелиминарни информации, авионот е урнат со пренослив противвоздушен ракетен систем, додава министерството.


Соопштено е и дека Русија ќе им се придружи на напорите на Турција во Идлиб како би го пренеле телото на убиениот руски пилот.


Слично

Поврзани вести