Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) 12-годишниот Анхел: Ќе умрам, но нема да го убијам!

(ВИДЕО) 12-годишниот Анхел: Ќе умрам, но нема да го убијам!

Таткото го најде повреденото тело на својот син по три дена пребарување во Гватемала. Момчето било фрлено од мост, откако одбило да изврши убиство.

12-годишниот Анхел Ариел Перез се враќал од училиште, кога на патот му се изпречила гангстерска банда и му заповедала да убие случаен возач на автобус или да се самоубие.

Најмногу трогателно во историјата на малиот Анхел е дека сопствениот татко Луис Ескаланте работел како возач на автобус. Затоа храбриот студент категорично ги одбил и изјавил дека сака да стави крај на својот живот, отколку да убие некого, пишува „Дејли мејл“.

Тогаш бандата му дала право на избор - да го убијат со мачење или да го фрлат од мостот. Анхел ја избрал втората опција и бил фрлен од мостот Инсенсио во главниот град Гватемала.

Иако по падот од 137 метри момчето преживува, бидејќи паднало во густо зеленило. Но останува скриен од сите кои се обидуваат да го најдат, а не може да се движи, бидејќи раните му се премногу тешки.

По тридневното пребарување токму таткото го наоѓа повреденото момче. Анхел е однесен во болница, каде што лекарите 15 дена се борат за неговиот живот, но не успеваат и тој умира од повредите.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/JEd_GbN9Olo[/embed]
Слично

Поврзани вести