Видео: 10-те најлуди теории за убиството на Кенеди
Американскиот претседател Доналд Трамп треба да дозволи објава на доверливи информации за убиениот Џон Кенеди кои по шеесетина година ќе може да бидат достапни за јавноста бидејќи рокот на доверливоста истекува според правилата на американските безбедносни агенции.
Сепак, Трамп направи нова непотребна драма одбивајќи веднаш да соопшти што има во документите велејќи дека одредени работи американците не треба никогаш да ги знаат.
Осомничениот атентатот Ли Харви Освалд беше убиен пред да биде одведен во судница од Џек Руби за кој пак, постојат сомнежи дека бил поврзан со италијанската мафија. Се верува дека имало и повеќе од еден пукачи, а не е исклучена ни можноста некој од обезбедувањето на Кенеди да го застрела од невнимание.
Затоа во продолжение ви претставуваме видео со 10-те најлуди теории за атентатот на Џон Кенеди во 1963 година на изборен собир во Далас.
