Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Сите гласно се смеат додека Лавров објаснува дека сакале да ја запрат војната во Украина

(ВИДЕО)  Сите гласно се смеат додека Лавров објаснува дека сакале да ја запрат војната во Украина

Присутните во Индија гласно го исмејаа рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров кога кажа дека се труделе да ја запрат војната во Украина.  Тој се соочи со потсмев. 

Лавров, во Делхи учествуваше на самит на Г-20, во чии рамки, за првпат од почетокот на руската инвазија врз Украина, накусо се сретна и со американскиот колега, Ентони Блинкен.

„Војната, која се обидовме да ја запреме, беше започната против нас користејќи ја Украина“, рече Лавров.

Министерот малку застана со зборувањето додека присутните се смееја, по што продолжи. 

Во градот Бахмут во Украина уште се водат жестоки борби. Руската инвазијата на Украина почна лани на 24 февруари. 

Фото: Твитер/принтскрин


Слично

Поврзани вести