Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Се појави потресна снимка како пожарникарите спасуваат дете од зградата во Флорида

(ВИДЕО)  Се појави потресна снимка како пожарникарите спасуваат дете од зградата во Флорида

Потресна снимка како пожарникари спасуваат момче од кулата што се урна во Флорида. Како што е познато, дел од облакодер во градот Сурфсајд недалеку од Мајами Бич во американската сојузна држава Флорида се сруши во текот на ноќта.

Повеќе од една третина од 12-катната зграда, во која имало 136 станови, се срушила околу 1:35 часот по локално време.

Полицијата синоќа потврди дека не знае каде се 99 лица за кои се верува дека биле во зградата за време на уривањето.

Досега официјално е потврдена смртта на четири лица, а околу 40 од нив се извлечени од урнатините. Меѓу спасените е и едно момче, чиј идентитет сè уште не е објавен.

На снимката се гледа како пожарникарите го извлекуваат момчето, кое било во свесна состојба и го пренеле во брзата помош.


Слично

Поврзани вести