Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Русија ќе биде тука засекогаш - ова е плакатот кој Украинците го отстранија во Херсон

(ВИДЕО)  Русија ќе биде тука засекогаш - ова е плакатот кој Украинците го отстранија во Херсон

Украински војници влегоа во Херсон, а  украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, објави видео на кое се гледа отстранувањето на прорускиот плакат во селото Билозерки во близина на градот Херсон.

На плакатот пишуваше „Русија е тука засекогаш“, на што Кулеба коментираше „Па, не баш“.

„Испраќам порака до целиот свет: Украина оствари уште една важна победа и докажува дека што и да каже или направи Русија, Украина ќе победи“, објасни Кулеба.

Жителите на Херсон ги пречекуваат еуфорично украинските војници.  Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не ја „треснал вратата“ на потенцијалните мировни преговори со Руската Федерација, но сака да преговара со друга Русија. Руската инвазија на Украина почна пред 24 февруари. 

Слично

Поврзани вести