Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПО ОТКРИВАЊЕТО ГРОБОВИ ВО ИЗЈУМ: Блинкен е згрозен од она што Русите го оставаат зад себе

(ВИДЕО)  ПО ОТКРИВАЊЕТО ГРОБОВИ ВО ИЗЈУМ: Блинкен е згрозен од она што Русите го оставаат зад себе

По откривањето на гробницата во Изјум, каде имало 450 тела, американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја обвини Русија за „застрашувачки” дела. Тој вели  дека можеби станува збор за воени злосторства.

Објасни дека Русија дејствува на застрашувачки начин и тоа се гледа и повторува секогаш кога Русите се повлекуваат од деловите на територијата што ја окупираа во Украина. 

„Можете да видите што оставаат зад себе”, рече пред новинарите шефот на американската дипломатија.

Украинските власти денеска соопштија дека откриле 450 гробови во Изјум, град североисточно од Харков, од каде неодамна се повлекоа руските сили. Најмалку едно од ексхумираните тела било со врзани раце.

Високиот комесаријат за човекови права на ОН соопшти дека планира „наскоро” да испрати екипа за проверка на наводите на украинските власти за откривање на стотици гробници во градот Изјум.

Ројтерс попладнево објави дека неговите новинари во Изум, град во источна Украина од кој неодамна се повлекоа руските сили, известиле дека телата пронајдени во масовна гробница имаат јажиња околу вратот и врзани раце, што сугерира дека можеби тоа се луѓе што не загинале во гранатирање или воздушни напади. Нешто подоцна агенцијата го повлече текстот. Во Буча близу Киев руските сили мачеле и убивале цивили. 

фото Фејсбук Володимир Зеленски


Слично

Поврзани вести