Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЛИБАН: По пејџерите, сега експлодираа воки - токи

(ВИДЕО)  ЛИБАН: По пејџерите, сега експлодираа воки - токи

Втор бран напади се случи во Либан, но сега воки-токи експлодираат.

Повторно се слушнаа експлозии во предградијата на Бејрут. Според извештајот на новинската агенција АФП, неколку воки-токи експлодирале во областа.

Извори од милитантната организација Хезболах го потврдија овој инцидент. Засега не се познати причините за експлозиите, ниту има повредени или материјална штета. 

Експлозиите се случија само еден ден по нападот во кој експлодираа пејџери, кои ги користеле членови на Хезболах, при што загинаа 12 луѓе, а повеќе од 2.800 беа повредени. Експлозии беа пријавени во јужните предградија на Бејрут, како и во градовите Набатие, Тир и Саида во јужен Либан.

Извор од Хезболах потврди дека цел на нападот биле воки-токи користени од групата. Висок безбедносен извор изјави дека експлозиите биле со помал интензитет.


Слично

Поврзани вести