ВИДЕЛ ОТКОРНАТИ ФЕТУСИ, ДЕЦА СО ПОВРЕДЕНИ БЕЛИ ДРОБОВИ: Лекар од Газа четири недели не ја напуштил болницата
Лекарот Мухамед Гнеим од Газа четири недели не ја напуштил болницата.
Вели дека видел откорнати фетуси од утробите на мајки што умирале, деца со повредени бели дробови кои се борат за воздух, а колегите лекари, медицински сестри и техничари биле донесени во болничката мртовечница во торби за тела.
Не може да се сети кога последен пат спиел или јадел нормално, а неговата сина униформа е извалкана со дамки од крв, објави „Си-Ен-Ен“ во својот извештај од Газа.
„Многу пати сакам да се тргнам настрана и да плачам, но нема време за тоа“, додал докторот.
Гнеим е вработен во Ургентниот центар на болницата Ал Шифа, што на арапски значи „куќа на исцелување“. Болницата нема чиста вода, лекови, гориво и други потреби.
Израел започна жесток напад врз Газа од воздух и од земја, откако Хамас ја нападна израелската територија на 7 октомври.
