Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕА ПО РАЗОРНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ХАИТИ: Плач, крици, болка под урнатините, се вадат преживеани

ВИДЕА ПО РАЗОРНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ХАИТИ: Плач, крици, болка под урнатините, се вадат преживеани

Официјални претставници на Хаити соопштија дека најмалку 304 лица го загубиле животот по разорниот земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала што ја погоди земјата.

Покрај ужасните податоци за жртвите, беше објавено дека неколку стотици луѓе се водат како исчезнати, додека околу 400 се повредени.

Епицентарот на земјотресот бил осум километри од градот Пети Труд Нип, на длабочина од 10 километри.

Очевидци на земјотресот споделија страшни снимки на социјалните мрежи, прикажувајќи ги урнатините и луѓето кои се обидуваат да најдат засолниште во паника. Меѓу многуте урнатини е црквата во која се одржувала редовната саботна миса.


Граѓаните потоа брзаа низ градот, бидејќи беше издадено предупредување за цунами. Иако спасувачките служби интензивно работат на евакуација на жителите, има и такви кои се заглавени во урнатините и им е потребна итна помош. Еден од очевидците успеа да го забележи моментот кога две лица беа извлечени со помош на насобраните жители.


Слично

Поврзани вести