Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕА И ФОТОГРАФИИ НА КОЈ СЕ ГЛЕДА БОРБА ЗА ЖИВОТ: Реките во Австрија немилосрдно носат луѓе

ВИДЕА И ФОТОГРАФИИ НА КОЈ СЕ ГЛЕДА БОРБА ЗА ЖИВОТ: Реките во Австрија немилосрдно носат луѓе

Силно невреме погоди денеска делови од Австрија, а во текот на ноќта, некои места беа целосно поплавени. Областите околу Халејн и Куфштајн се под вода.

Властите на провинцијата Салцбург го повикаа населението да не ги напушта своите домови и да не се симнува во гаражите и подрумите, и никако да не се приближува до реките.

Во покраината Тирол, пожарникарите имаа вистинска борба со поплавите, поројните води и одроните на земјиштето. На територијата на општината Куфштајн, поројните води носеа автомобили, но и луѓе. Социјалните мрежи се преполни со видеа на кои се гледаат застрашувачки сцени.


Слично

Поврзани вести