(ВИДЕО) Харисон Форд опериран, има длабока рана на главата
По претрпената авионска несреќа Харисон Форд e опериран успешно во болница.
Холивудскиот актер беше донесен во болница со фрактура на раката и порезни рани по главата, соопшти NBC.
„Тој ја скршил раката и е со непријатна длабока рана на главата. Се здобил и со други трауми“, пишува во официјалното соопштение.
NBC забележува дека авионот на Форд се приземјил на терен за голф, на кој играле двајца лекари. Тие се најдоа за лекарска помош која веднаш му ја пружиле на актерот.
Форд се спасил за чудо по инцидентот само поради фактот дека го возел авионот од кабината на вториот пилот.
„Форд не бил во првата предна кабина на авион за обука, туку во втората која е отворена. Освен тоа авионот паднал на 15 метри од станбените домови. За малку инцидентот ќе требало да заврши со драматичен пресврт“, соопштува CNN.
Харисон Форд имаше незгода со едномоторен двосед авион „Ryan ST3KR“. Тој е употребен во Втората светска војна како авион за обука на американските воздухопловни сили.
