Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вицепремиерот на Каталонија: Шпанија нè присили да ја прогласиме нашата независност

Вицепремиерот на Каталонија: Шпанија нè присили да ја прогласиме нашата независност

Шпанија ни даде само една шанса - да прогласиме нова република. 

Ова го изјавил заменик-премиерот на Каталонија, Ориол Жункерас.

Во интервју Жункерас вели дека Мадрид ја принудува Барселона да дејствува на овој начин и дека каталонските власти "ќе мора да одат кон градење на нова република". "Ние разбираме дека постои демократски мандат да се воспостави оваа република".

Тој, сепак, даде до знаење дека зборува од името на партијата - каталонската републиканска левица - а не од онаа на регионалната влада на премиерот Карлес Пучдемон. 

Коментарот доаѓа еден ден пред почетокот на дебатата во шпанскиот Сенат, кој ќе биде проследен од гласање за тоа дали Каталонија да ја задржи својата автономија. Повеќето партии кои ја поддржуваат независноста во Каталонија, засега покажале преференции за независност отколку за предвремени избори, кои би можеле да ја укинат одлуката на Сенатот. Можноста за активирање на постапката, која ќе доведе до остранување на Пучдемон и ќе ја ограничи каталонската автономија, ќе се дискутира во парламентот во Барселона.

 Каталонскиот премиер нема да учествува, а ќе испрати само писмено мислење.

Слично

Поврзани вести