Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕЖБА НА БЕЛОРУСКАТА АРМИЈА ЗА ПРЕМИН ВО ВОЈНА: Бројот на војници се зголеми на 80.000, во тек се последните подготовки

ВЕЖБА НА БЕЛОРУСКАТА АРМИЈА ЗА ПРЕМИН ВО ВОЈНА: Бројот на војници се зголеми на 80.000, во тек се последните подготовки

Вооружените сили на Белорусија започнаа серија маневри со кои се тренира борбена готовност во услови на транзиција од мирно време во војна.

Воените сили на Белорусија започнаа вежби во кои се обучуваат и подготвуваат сите армиски гранки за итна транзиција од мирна во воена состојба. Соопштението го објави белоруското Министерство за одбрана.

„Главната цел на вежбите е спроведување на серија континуирани обуки кои ги опфаќаат сите категории на воен персонал, воени единици и командни центри, кои треба да практикуваат координирани мерки за премин од мир во војна“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана. .

Министерството за одбрана објасни дека овие мерки се преземаат во согласност со планот за обука за 2021-2022 година на белоруските вооружени сили.

„Обуката за борбена готовност се одржува по уште една кампања за регрутирање, во време кога регрутите веќе ги совладале основните воени вештини“, соопшти Министерството за одбрана, пренесува руската новинска агенција „ТАСС“.

Генералштабот на вооружените сили на Украина наведува дека Белорусија планира да го зголеми бројот на својата армија речиси двојно, од 45.000 војници на 80.000. Министерството за одбрана на Белорусија соопшти дека ќе се проверува целосното оружје, опремата и логистичката опрема за се да биде подготвено за евентуална борбена употреба. Се огласи и шефот на републичкото Министерство за одбрана, Виктор Хрењин, кој изјави дека во Белорусија започнува втората фаза од инспекцијата на војниците како одговор на вежбите на НАТО во близина на белоруските граници.

ФОТО: YouTube

Слично

Поврзани вести