ВЕСТА ЗА ТВИТЕР И БРИТАНСКИОТ КРАЛ ОДЕКНА НИЗ СВЕТОТ: Компанијата на Чарлс III ја тужи социјалната мрежа на Илон Маск
Компанијата
задолжена за управување со имотот на британскиот крал Чарлс III, „Crown
Estate“, го тужеше Твитер.
Причината за тужбата е тоа што компанијата со која управува Илон Маск не ја платила киријата за седиштето во Лондон, пишува Би-Би-Си, а наводниот долг се однесува на канцелариите лоцирани во близина на централниот плоштад на Piccadilly Circus.
Откако претходно го контактираше Твитер за своите тврдења, компанијата „Crown Estate“ се обрати и до судот во Лондон. Понатаму се наведува дека британското кралско семејство поседува огромен имот, вреден околу 17,68 милијарди фунти или околу 19,22 милијарди долари.
Британскиот монарх, инаку, годишно добива 25 отсто од профитот што доаѓа од овој имот.
Лани изнесуваше 97,8 милиони евра. Кралот Чарлс III поседува и повеќе од 18.000 хектари земјиште во Англија и Велс, заедно со канцеларии и комерцијални објекти во главниот град. Тие објекти, се вели, донеле огромни профити во минатата финансиска година.
Покрај личното богатство и имот, кралицата Елизабета Втора, која почина во септември минатата година, ги поседуваше и имотите Сандрингам во Англија и Балморал во Шкотска.
