ВЕСТ НА ДЕНОТ ВО САД: Фајзер и Модерна покренаа големо испитување на вакцините кај деца од 5 до 11 години
Фармацевтските
гиганти Фајзер и Модерна го прошируваат капацитетот на своите клинички
испитувања на вакцините против кови кај деца на возраст од 5 до 11 години, на
барање на Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА). Резултатите ќе бидат
готови до септември оваа година.
Кога започнале студиите, Фајзер и Модерна биле замолени да вклучат 3.000 деца на возраст од пет до 11 години.
Фајзер претходно објави дека резултатите од тестирањето за вакцини кај деца на возраст од 5 до 11 години ќе бидат готови до септември.
Агенцијата и компанијата постојано потенцираат дека вакцините се безбедни и ефикасни, а исто така е откриено дека за време на клиничките испитувања кај младите, тие стимулираат силен имунолошки одговор на организмот.
Повеќе од седум милиони тинејџери веќе биле вакцинирани во Соединетите држави, според Центрите за контрола и превенција на болести.
