ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Е ПРИЛИЧНО ГЛУПАВА:Еве што мисли за неа директорот на Мета, таа не е егзистенцијална закана
Извршниот директор на Мета, Ник Клег, рече дека сегашните модели на вештачка интелигенција (ВИ) се „прилично глупави“, минимизирајќи ги потенцијалните ризици од нивното користење.
Тој рече дека возбудата за појавата на вештачката интелигенција е прерана во однос на нивото на нејзиниот технолошки развој, пренесе Би-Би-Си.
Клег објасни дека сегашните модели со вештачка интелигенција се далеку од тоа да можат сами да размислуваат и дека се „прилично глупави на многу начини".
Мета ја објави општата бесплатна употреба на јазичниот модел „AI Llama 2“ дури и за комерцијални цели.
Клег рече дека таквите платформи кои работат „чет-ботови“ како ChatGPT, во основа само составуваат делови од огромна јазична основа и прават реченици со погодување кој ќе биде следниот збор во низата.
Тој додаде дека предупредувањата за „егзистенцијална закана“ за човештвото што ги прават некои експерти за вештачка интелигенција се однесуваат на системи кои сè уште не постојат.
