ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ЌЕ ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ НА ЛУЃЕТО ПОВЕЌЕ ОД ОГНОТ И ОД СТРУЈАТА: Извршниот директор на Alphabet за влијанието на AI
Сундар Пичаи,
извршен директор на компанијата Alphabet, вели дека вештачката интелигенција би
можела да биде најинтензивната и најнапредната технологија во историјата на
човештвото.
Во интервју за CBS, Пичаи рече дека промените што ги носи оваа технологија ќе воведат длабоки промени во нашето општество: „Подлабоко од огнот, струјата или што било што сме правеле во минатото“.
- Развиваме технологија која сигурно еден ден ќе биде многу поспособна од се што досега сме виделе, додаде тој.
Google неодамна го објави својот чет-бот, Bard, како дел од експерименталното тестирање на оваа технологија, а компанијата планира да го вгради во пребарувачот Google.
Alphabet ги објави овие производи неколку месеци откако OpenAI го објави „CharGPT“. Популарноста на ботот испрати шокови низ технолошката индустрија, предизвикувајќи трка меѓу некои технолошки компании да донесат нови производи со вештачка интелигенција на пазарот и, наводно, го натера Google да прогласи внатрешен „црвен код“.
