Верзии за авионската несреќа во Алпите
Продолжува операцијата за собирање на авионските остатоци и посмртните останки на патниците од местото на несреќата во француските Алпи.
Според спасувачките екипи таа може да се одолговлечe со недели, бидејќи се врши во исклучително тешок регион. Почна и истрагата на тешкиот авиоинцидент.
Потсетуваме дека во вторникот во јужна Франција се случи најтешката воздухопловна несреќа во Европа во последниве години.
Патничкиот авион „Airbus A320“ со 150 патници се урна во Француските Алпи. Нема преживеани. Летот е на нискотбуџетната компанија „Germanwings“, која е од групата на германскиот авиопревозник „Луфтханза“.
Авионот летал од Барселона до Дизелдорф. Во моментов не е јасно што точно се случило и што е причината за несреќата.
Една од можните верзии е избледнување на сензорите.
Така компјутерскиот систем поднесувал грешни сигнали до пилотите и можеби затоа тие не можеле да ја совладате машината. Таа почнала да паѓа исклучително брзо.
Други можни верзии се откажување на моторите или ненадејна разхерметизација .
Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнов објави дека засега хипотезата за терористички напад не е меѓу главните верзии на кои се работи.
Тој прецизира дека фактот дека урнатините се наоѓаат на терен од хектар и пол, покажува дека најверојатно немало експлозија.
Директорот на „Луфтханза“ Карстен Спор изјави дека авионот бил „во беспрекорна техничка состојба“.
„За нас несреќата е необјаснета“, изјави Спор од аеродромот во Франкфурт и додаде дека двајцата пилоти биле искусни.
Денес е објавено дека пронајдената црна кутија на авионот која ги снима разговорите во пилотската кабина е оштетена, но сепак употреблива. Уредот е испратен во Париз, каде што професионалци ќе се обидат да ги разберат информации за разговорите, спроведени од пилотите во последните минути пред несреќата.
Авионот е произведен во 1990 година, а неговиот прв лет е една година подоцна. Тој е купен од „Луфтханза“, која подоцна го пренесува на својата ќерка компанија „Germanwings“.
