Верувале или не: Платен годишен одмор на работникот му важи и после смртта!
Смртта и даноците долго време се сметаа дека се единствените две работи во животот што не можете да ги избегнете, но отсега на таа листа, благодарение на одредбите на Европската унија, може да се додаде и задолжително користење на годишен одмор - во животот или после него.
Работникот во ЕУ во смртта не го губи правото на платени празници, а неговите наследници може да го сметаат за наследство, одлучи вчера Европскиот суд на правдата.
Судот донесе пресуда која се однесува на германски работник во компанијата „K+K“ кој починал во 2010 година.
Имено, неговата сопруга побарала од компанијата во која работел да и исплати парична противвредност за 140,5 дена платен годишен одмор кој не го искористил во животот. Во споменатата компанија бил вработен повеќе од 12 години, но во одреден период поради сериозна болест не бил во состојба да работи.
Судот со седиште во Луксембург донел одлука според која земјите членки на ЕУ не можат да го поништат правото на платен годишен одмор или компензација во пари во случај на смрт на вработениот.
„Правото на платен годишен одмор е многу важен принцип во социјалниот закон. Смртта на работникот не смее ретроактивно да резултира со целосно губење на правото на платен годишен одмор“, стои во соопштението на судот.
Во согласност со законодавството на ЕУ, работниците имаат право на најмалку четири недели платен годишен одмор годишно.
