Економија, финансии, бизнис

Контакт

Верниците во Мека со електронски бразлетни оваа година

Верниците во Мека со електронски бразлетни оваа година

Оваа година Саудиска Арабија ќе преземе дополнителни мерки за безбедност во светиот за муслиманите град Мека, пренесоа светските новински агенции.

Верниците ќе носат електронски бразлетни, кои ќе содржат лични информации за нив и со нив ќе може да се контролира нивното движење, така што нема да може да се собираат многу луѓе на едно место.

Ријад имаше остри критики по минатогодишната трагедија во Мека. Тогаш илјадници посетители беа прегазени до смрт.

Земји како Иран, кои традиционално имаат затегнати односи со кралството, најавија дека тоа не може да гарантира безбедност на верниците и дури побараа да му биде одземено управувањето со светилиштето.

Стотици илјади муслимани одат во Мека секоја година. Најважниот објект во градот е Кабата - свет објект во дворот на џамијата Месџид ел-Харам.

Слично

Поврзани вести