Веризон ќе го купи бизнисот на Водафон во CАД за 100 милијарди долари
Компанијата Водафон преговара со компанијата Веризон околу продажбата на својот бизнис во САД, потврдија од еден од најголемите светски оператори во мобилната телефонија. Неофицијално, Веризон е подготвен да плати 100 милијарди долари за оваа зделка.
Британскатата компанија ја разгледува можноста да продаде 45 отсто од акциите на компанијата Verizon Wireless, чии останати 55 отсто се наоѓаат во сопственост на компанијата Verizon Communications.
По најновите вести за ова преземање, акциите на Веризон скокнале за 3,55 долари или 7,6 отсто на 50,11 долари, додека акциите на Водафон се зголемиле за 8,8 отсто на 2,06 фунти.
Слично
