Економија, финансии, бизнис

Контакт

Венецуела воведе визи за САД

Венецуела воведе визи за САД
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави дека американските граѓани коишто се заинтересирани за влез во државата ќе треба да чекаат за виза. „За да ја заштитам својата земја одлучив да се воведат визи за сите граѓани на САД кои сакаат да влезат во Венецуела“, вели Претседателот Мадуро. Тој исто така изјави дека се разгледува и можноста да се намали бројот на службеници во американската амбасада во Каракас. „Приведовме неколку граѓани на САД кои се занимаваа со шпионажа во еден приморски град обидувајќи се да регрутираат наши граѓани“, вели Претседателот. Венецуела исто така го забрани и влезот за неколку дипломати и поранешни функционери, како Џорџ Буш и Дик Чејни.   Љ.Н.
Слично

Поврзани вести