Венецуела со викенд од три дена, петок прогласен за неработен!
Петок официјално станува неработен ден во Венецуела. Барем за следните два месеци до 6 јуни.
Мерката е дел од итен план за заштеда на енергија, објави во телевизиско обраќање претседателот Николас Мадуро.
Земјата, која е број еден по нафтени резерви во светот, доживува огромни економски тешкотии поради ниските цени на горивата, недостаток на намирници, висока инфлација.
Во моментов, сепак таа се заканува и поради сушата. Хидроцентралите се пред прекин поради ниските нивоа на водите. Мадуро ја оцени ситуацијата како „вонредна состојба“ која ги зафаќа сите 18 брани, користени за вода, пренесува АФП.
Претседателот посочи дека Браната Гури, која се наоѓа во југоисточна Боливија, каде се напојува 70% од потребите од струја во Венецуела, е на ниво од само 3 сантиметри над критичното.
Меѓу мерките е намалување на потрошувачката на електрична енергија од државните претпријатија со 20%. Штедење ќе прават и владините институции.
Засега не се предвидува да се намали потрошувачката на домаќинствата корисници, кои се најголемиот потрошувач на електрична енергија во земјата. Не се предвидува и режим на струјата за домаќинствата.
