Економија, финансии, бизнис

Контакт

Венецуела пропушти 100 милијарди долари од продажба на нафта поради Чавез

Венецуела пропушти 100 милијарди долари од продажба на нафта поради Чавез
Нафтените пазари засега не реагираат на смртта на претседателот на Венецуела Хуго Чавез. Според енергетскиот аналитичар Стивен Шорк сепак треба да се имаат во предвид големите штети кои Чавез ги нанесе на сопствениот народ, откако го лиши од огромните приходи од производството на нафта. Производството на нафта во Венецуела се намалува веќе речиси една деценија, откако Чавез ја исчисти државната нафтена компанија Petróleos de Venezuela (PdVSA) од квалитетниот кадар и инженери и ги замени со " политички послушници", пишува Шорк. Производството на компанијата е намалено од 3,0 милиони барели на дневно до 0,6 милиони барели на ден. Производството допрва треба да се опоравува, но тоа може и да не се случи никогаш. Производството на нафта на Венецуела е во просек околу 0,5 милиони барели дневно од штрајкот наваму, според Шорк. Како резултат на тоа PdVSA пропуштил околу 100 милијарди долари од продажбата на нафта. Ситуацијата со екстракција на нафта во Венецуела се влошила до тој степен што PdVSA престана да објавува официјални податоци за своето производство пред две години.
Слично

Поврзани вести