Венецуела нема да ја менува нафтената политика по смртта на Чавез
Венецуела ќе продолжи да ја води сопствената нафтена политика која ја спроведуваше покојниот лидер на таа земја Уго Чавез, најави еден од неговите најблиски соработници Рафаел Рамирес.
„Ние немаме намера да ја менуваме нафтената политика која ја спроведуваше претседателот Чавез„ - потенцира Рамирес кој во венецуелската влада е министер за нафтена индустрија и рударство.
За време на неговото владеење Хуго Чавез ги национализираше сите домашни нафтени компании и презеде многу чекори за да ги истисне мулти националните нафтени компании кои работеа во Венецуела, со што ги избрка Ексон Мобил Корп и Конко Филипс надвор од земјата.
Според експертите со тоа што Чавез ги избрка светските нафтени компании и нивната стручност и експертиза во бизнисот, предизвика намалување на производство на нафта во земјата како и уништување на енергетската инфраструктура.
Слично
