Економија, финансии, бизнис

Контакт

Венедиктова објави кој е првиот руски војник на кој ќе му се суди за убиство на цивил во Суми

Венедиктова објави кој е првиот руски војник на кој ќе му се суди за убиство на цивил во Суми

Првиот руски војник осомничен за убиство на цивил во Украина ќе излезе на суд. 

Украинската обвинителка Ирина Венедиктова објави дека осомничениот е обвинет за убиство на 62-годишен цивил кој возел велосипед во селото Чупахивка, во североисточниот регион Суми. 21-годишниот осомничен, кој моментално е во украински притвор, може да се соочи со доживотна затворска казна доколку биде осуден за убиство.

„Главното обвинителство го испрати до судот случајот против Вадим Шишимарин, командант на единицата на воената бригада 32010 позната како четврта тенковска дивизија Кантемиров на Московскиот регион“, вели Венедиктова.

Минатата недела Венедиктова го објави името на првиот руски војник осомничен за мачење и убиство на цивили во градот Буча во близина на Киев за време на неколкунеделната окупација. Венедиктова го идентификуваше како командант на единицата на руската Национална гарда, Сергеј Колоцеј. Таа минатиот месец идентификуваше уште 10 војници кои убивале цивили. 

Германија ќе ја поддржува истрагата за воените злосторства на Руската Федерација во Украина. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести