Економија, финансии, бизнис

Контакт

Венедиктова објави дека десет руски војници мачеле и убивале цивили во Буча

Венедиктова објави дека десет руски војници мачеле и убивале цивили во Буча

Украинското обвинителство посочи 10 руски војници осомничени за злосторствата над цивили извршени во Буча. 

Украинската јавна обвинителка Ирина Венедиктова  вели дека се идентификувани голем број руски војници, кои се вмешани во кршење на човековите права во градот Буча. Војниците биле со различни чинови и беа од 64-та Посебна моторизирана стрелачка бригада. 

„За „многу кратко време, истрагата утврди дека за време на окупацијата на Буча, тие земале невооружени цивили како заложници, не им обезбедувале храна и вода, ги држеле на колена со врзани раце и со очи покриени со селотејп лента, при што биле исмејувани и тепани. Ги тепаа за да добијат информации за локацијата на украинските вооружени сили и резервни одбранбени сили, а некои беа мачени и без никаква причина“, рече Венедиктова.

Русија цело време негира дека убива цивили. Но, и ОН бара Русија да соработува за расветлување на овие злосторства. 

Телата на 1.150 цивили се пронајдени од почетокот на конфликтот во регионот на украинскиот главен град Киев. 

50 до 70 отсто од нив имаат рани од куршуми од мало оружје. 

Слично

Поврзани вести