Економија, финансии, бизнис

Контакт

Венецуела си создаде своја награда за мир, прв лауреат - Путин

Венецуела си создаде своја награда за мир, прв лауреат - Путин

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро создаде награда за мир во спомен на неговиот покоен претходник Уго Чавез. Тој објасни дека првиот лауреат на наградата е рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Ројтерс.

Соопштението на Мадуро дојде откако во петокот Нобеловиот комитет наградата за мир му ја доддели на претседателот на соседна Колумбија, Хуан Мануел Сантос за неговите напори за договор за мир со бунтовничката организација ФАРК.

- Решив да ја основам наградата „Уго Чавез“ за мир, објави венецуелскиот претседател за време на живо телевизиско емитување на откривањето на статуа на Чавез, дело на руски скулптор.

- Сметам дека претседателот Путин ја заслужува оваа награда, додаде Мадуро и го опиша рускиот претседател како „борец за мир“.

Венецуелскиот лидер појасни дека лауреатите ќе добиваат и мала копија на статуата.

14-годишното владеење на Чавез го разниша влијанието на Вашингтон во регионот и изгради поблиски врски со традиционалните противници на САД како Кина и Русија.

Критичарите на владејачката Социјалистичка партија често се потсмеваат на нејзините напори да ја направи Венецуела поголем фактор на меѓународната сцена. Според нив, луѓето на Мадуро се виновни за тешката економска криза во земјата. Инфлацијата во Венецуела е рекордно висока, а на полиците недостасуваат елементарни основни потреби.


Слично

Поврзани вести