ВЕНЕЦУЕЛА СЕ ТРЕСЕ: Силен земјотрес ја погоди земјата чија валута тоне
Силен земјотрес со магнитуда помеѓу 6,3 и 7,3 степени по Рихтер го погодил северот на Венецуела, соопштија властите, додавајќи дека нема жртви и дека е причинета помала материјална штета.
Според Американскиот институт за геофизика, потресот бил со магнитуда од 7,3 додека Венецуелскиот сеизмолошки институт соопштил дека забележал земјотрес со магнитуа од 6,3.
Епицентарот на земјотресот бил во вторникот во 17.31 часот по локално време, на длабочина од 123 километри.
Слично
