Економија, финансии, бизнис

Контакт

Венецуела му одговори на Трамп: Koментарите се „екстравагантна, нелегална и неоправдана агресија“

Венецуела му одговори на Трамп: Koментарите се „екстравагантна, нелегална и неоправдана агресија“

Владата на Венецуела остро ја осуди изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој повика воздушниот простор над и околу таа држава да се смета за „целосно затворен“. Коментарите предизвикаа конфузија во Каракас и беа оценети како „колонијалистичка закана“ за суверенитетот на земјата.

Трамп не понуди никакви дополнителни детали во својата објава, што донесе немири и неизвесност во Каракас во време кога Вашингтон го зголемува притисокот врз владата на претседателот Николас Мадуро.

Во официјално соопштение, кое денеска го сподели преку Телеграм министерот за надворешни работи Иван Гил Пинто, венецуелската влада ги опиша коментарите на Трамп како „екстравагантна, нелегална и неоправдана агресија“ против суверенитетот на Венецуела.

Во соопштението, се обвинуваат САД за обид за наметнување екстратериторијална јурисдикција, што претставува кршење на меѓународното право.

Американскиот претседател Доналд Трамп, објави целосно затворање на воздушниот простор над Венецуела и околните области. 

„До сите авиокомпании, пилоти, дилери на дрога и трговци со луѓе: Ве молиме, сметајте го воздушниот простор над и околу Венецуела за целосно затворен“, напиша тој.

На 23 месецов, Ројтерс, повикувајќи се на американски официјални лица, објави дека САД се подготвени да започнат нова фаза операции против Венецуела „во наредните денови“. 

foto EPA/MIGUEL GUTIERREZ

Слично

Поврзани вести