Венецуела ги фиксира цените на автомобилите
Властите во Венецуела ќе ја фиксираат цената на автомобилите , како би ја намалиле нивната вредност. Ова го изјави претседателот на земјата Николас Мадуро , објавувајќи ја третата серија мерки во борбата против економската криза , пренесе AFP .
Во изјавата Мадуро посочи дека ќе бидат воведени мерки за регулирање и интензивирање на автомобилскиот производство со цел намалување на вредноста на автомобилите. Намерата на властите е преку преземените мерки да се намали вредноста на произведените авотмобили во Венецуела, на увезените во земјата автомобили и на автомобилите од втора употреба.
Не сите Венецуалци сепак успеаја да го слушнат говорот на Мадруро откако колапсот во напојувањата го потопи во мрак главниот град Каракас и други градови . Во земјата често има проблеми со струјата , но досега главниот град беше поштеден .
Слично
