Велосипедите освојуваат се повеќе и повеќе азиски градови
Велосипедите влегуваат драстично во голем број азиски градови, па дури и може да влијаат врз развојот на автомобилскиот сектор и потрошувачката на горива во регионот, пишува Ројтерс.
Трендот на раст на движењето на две тркала се забележува во Кина, Сингапур, Тајван и во редица други азиски земји, а според набљудувачи во основата е постојано масовното навлегување на услугата за давање на велосипеди за изнајмување.
За 1 Сингапурски долар (0,74 американски долари), можете да го возите велосипедот 1 час, а изнајмувањето на превозното средство може да се направи преку апликација за паметни телефони. Ова ја прави услугата многу атрактивна за младите луѓе кои ги користат велосипедите не само за прошетка во паркот, туку и во нивниот секојдневен живот во градот.
Во Тајван активностите за ангажирање на велосипеди се поддржуваат од државата и прогнозите се дека до 2020 година возилата на две тркала ќе држат удел од 12% од сите патувања на работа. Во моментов ова учество е 5 проценти.
Во еден од најбогатите кинески градови - Шенжен, повеќе од половина милион велосипеди се достапни за изнајмување. Според Комисијата за урбан транспорт, нивната употреба го намалила патувањето со приватни автомобили за 10% и користењето гориво за 13%.
Ројтерс објави дека зголемувањето на потрошувачката на гориво во Кина може да биде под притисок токму поради бумот на велосипедите. Агенцијата, исто така, се повикува на податоци од аналитичарите кои велат дека очекуваат забавување на растот на потрошувачката на гориво оваа година на 4% од 6,5% во 2016 година.
Сепак, не треба да се заборави дека ова намалување ги одразува сите иницијативи за намалување на потрошувачката - подобра ефикасност на возилото и влез на електрични возила. Но фактот е потврден од студиите и владините претставници дека велосипедите доведуваат до помала употреба на моторни возила. Колку е точное е тешко да се пресуди.
Според државната кинеска национална нафтена корпорација врвот на потрошувачката на гориво во земјата ќе се достигне најрано до 2025 година.
