Велика Британија: За детето до 18 години родителите трошат 148.000 фунти
Во Велика Британија трошоците за одгледување на дете до 18 година за една година пораснаа за четири отсто и изнесуваат 148.105 фунти (173.645 евра), објави организацијата за помош на децата „Чајлд поверти акшн груп“ (Child poverty action group).
Организацијата тврди дека просечната плата пораснала за 1,5 отсто, а социјалната помош за еден процент.
Групите за заштита на децата погодени од сиромаштијата оценуваат дека владините мерки за штедење ги погодуваат британските семејства.
- Истражувањето покажува дека семејствата во текот на изминатата година дополнителни се оптоварени со растот на цените и со стагнирањето на платите, а со тоа и со се поголемото намалување на помошта од државата. Секој родител знае дека се потешко може да ги плати потребите на детето, а политичарите тоа не го гледаат како приоритет, изјави директорката на „Чајлд поверти акшн груп“, Алисон Гарнем.
