Економија, финансии, бизнис

Контакт

Велика Британија: Тутунски компании го „хранат“ илегалниот пазар на цигари

Велика Британија: Тутунски компании го „хранат“ илегалниот пазар на цигари

Британските тутунски компании се обвинети дека го „хранат“ илегалниот пазар на цигари, пласирајќи прекумерно повеќе свои производи на пазарот.

Според Комисијата за јавни трошоци во британскиот Парламент, која расправаше за шверцот со цигари, околу 20 отсто од цигарите што се пушат во Обединетото Кралство, се илегални и потекнуваат од „црниот пазар“ на тутун и цигари.

Просечната цена на една кутија од 20 цигари, што е внесена во Велика Британија од некоја од европските земји, при што посебно се споменува Црна Гора, изнесува само 1,85 фунти. Тоа е многу помалку од британската просечна цена на цигарите, од повеќе од пет фунти. Велика Британија важи за земја во која се продаваат најскапи цигари во ЕУ.

Парламентарната комисија оценува дека ваквата ситуација, секоја година и носи штета на бритаската држава од 1,9 милијарди фунти, со неплаќањето царина и данок на илегално внесените цигари.

Потхранувањето на илегалниот пазар се прави на тој начин што британските тутунски компании изнесуваат повеќе тутунски производи во европските земји, отколку што тамошните пазари имаат потреба за нив, па цигарите потоа, илегално, се враќаат во Велика Британија, без да се платат давачките кон државата.

Комисијата за јавни трошоци ги обвини британската царина и даночната управа за потфрлање во работата, како и дека ги затвораат очите пред „очигледното изигрување на даночните прописи“.

Тутунските комапнии се законски обврзани да го спречуваат шверцот, но британската царина досега нема казнето ниту една од домашните компании.

Во периодот меѓу 2012 и 2013 година, се регистрирани само 265 обвинувања за шверцување на цигари. Претставник на британската тутунска индустрија, меѓутоа, ги отфрли ваквите обвинувања, инсистирајќи дека одново се повторуваат старите приказни за вината на тутунарите.

Слично

Поврзани вести