Економија, финансии, бизнис

Контакт

Велика Британија создава полициска единица против напади?

Велика Британија создава полициска единица против напади?

Вооружената полициска единица брои 4.000 вработени и треба  да биде формирана во Британија за борба против терористичките напади. 

Според весникот „Фајненшл Тајмс" вакви планови разгледува Владата на Велика Британија. Според информации на весникот новата единица треба да биде силна мобилна група со унифицирани постапки и комуникации. Целта ќе биде да се бранат објекти од националната инфраструктура, како и да реагираат брзо на напади слични на оние во Париз, Ница и Минхен.

Во новата структура треба да бидат вклучени вработени од британската транспортна полиција, група за заштита на нуклеарни објекти и воена полиција. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека во моментов се прави проценка на ефикасноста на таква единица, но се нагласува дека во оваа фаза не е донесена одлука.


Слично

Поврзани вести