Велика Британија со втора серија удари против „Исламска држава“
Борбени авиони на великобританските воздухопловни сили нанесоа втора серија од удари против бунтовниците од групата "Исламска држава" во Сирија.
Во операцијата учествуваат два авиони "Торнадо" и два "Тајфун". Цел на новите бомбардирања се нафтени полиња во источниот дел на земјата.
Целите на ударите се нафтено територии контролирани од екстремистите. Тоа значително ќе го зголеми обемот на Кралските воздухопловни сили и ќе се прошири коалицијата на воздушната кампања во Сирија.
На 2 декември, британскиот парламент изгласа одлука со мнозинство со кое започнаа воздушни напади на позициите на џихадисти на сириска територија.
Неколку часа подоцна, Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека четири британски бомбардери Торнадо ги извршиле првите воздушни напади во Сирија, кои се реализирале од базата Акротири во Кипар. Тогаш тие ги удрија нафтените полиња на Омар.
Потсетуваме дека во меѓувреме американскиот претседател Барак Обама ја поздрави одлуката на парламентот во Велика Британија, која според него е "еден од највредните партнери во борбата со џихадистите".
