Велика Британија се мисли дали да им се приклучи на САД во воздушните напади против џихадистите
Лондон уште не донел конечна одлука за тоа дали ќе им се приклучи на САД во воздушните напади против радикалната Исламска држава во Ирак и Сирија.
Портпарол на британското Министерство за одбрана рекол дека расправата по ова прашање уште трае.
Канцеларијата на британскиот премиер Дејвид Камерон денеска соопшти дека Велика Британија во овој момент не учествува во воздушните напади против позициите на Исламската држава, што ги започнаа САД и неколку арапски земји.
САД и сојузниците денеска извршија 50-тина воздушни напади, навлегувајќи и на сириска територија, во провинциите Рака и Деир ал Зор.
http://www.youtube.com/watch?v=iNBVRAoroOU
Во официјалните информации на американската војска се вели дека во нападот учествуваат „повеќе сојузнички арапски земји“, а притоа биле ликвидирани десетици џихадисти на радикалната организација. Неофицијално, пак, се открива дека меѓу земјите -учеснички се и Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јордан и Бахреин.
Војската на Јордан го потврди своето учество во операцијата. Сириското Министерство за надворешни работи извести дека САД за нападите на сириска територија претходно го информирале сирискиот амбасадор во Обединетите нации.
Слично
