Велика Британија планира да ги продаде Royal Mail
Во септември Владата на Велика Британија сака да почне со продажба на мнозинскиот удел во Royal Mail Group, пренесува „Bloomberg“.
Royal Mail може да ја објави својата намера да продаде акции на берзата во средината на месецот, најдоцна до октомври. Проценките се за продажба на акциите во вредност од околу 3 милијарди британски фунти или 4,7 милијарди долари.
Велика Британија планира да ги продаде Royal Mail во тековната финансиска година, но се уште не донела одлука за вистинскиот момент, во кој ќе ги пласира акциите на кралските пошти.
Британија размислува уште во септември да ги продаде за околу 5 милијарди фунти Lloyds Banking Group – најголемиот хипотекарен заемодавец во земјата, како и втор по големина кредитор Barclays Plc. Плановите се од Barclays да бидат добиени за 5.8 милијарди фунти.
