Економија, финансии, бизнис

Контакт

Велика Британија останува во ЕУ под четири услови

Велика Британија останува во ЕУ под четири услови

Дејвид Камерон и неговите најблиски сојузници од кабинетот подготвиле план од четири точки на клучни барања за останување на Велика Британија во Европската унија.

Извори на кабинетот велат дека се убедени дека можат да најдат начин да ја задржат земјата во Унијата со подобри услови за членство.

Нивниот план вклучува: -Брисел јасно да изјави дека Велика Британија нема да биде вклучена во процесот на градење на "европска тврдина". Ова ќе бара ослободување на Велика Британија од основните принципи на ЕУ за "уште поблиска унија".

-Уште една изјава од страна на ЕУ дека еврото не е официјалната валута на ЕУ, дека Унијата ќе е обединување на различни валути. Министрите ја бараат оваа изјава за заштита на статусот на британската фунта како легитимна валута, која секогаш ќе постои.

-Националните парламенти да добијат овластување, овозможувајќи им да ги отфрлат сите директиви од Брисел, кои имаат за цел да ги променат постоечките закони на ЕУ. -Нова структура на ЕУ. Реорганизација на блокот, кој ќе ги заштити 9-те земји кои не се дел од еврозоната, од контролата и доминацијата на останатите 19 земји-членки кои ја имаат усвоено единствената европска валута.

Великобританските дипломати сметаат дека планот може да биде постигнат, бидејќи е многу тешко да се преговара за решение кое е прифатливо и за 27 други земји од ЕУ, како и на ЕК и ЕП, пишува Telegraph.uk.

Од понеделник нова кампања ќе ги убедува граѓаните да одлучат да останат во ЕУ, откако минатата недела евроскептиците, кои сакаат да се повлечат од Европа почнаа друга кампања која цели кон одбивање на граѓаните на Велика Британија од Европа. Извори од Владата велат дека нема доволно време за да бидат прифатени договорните промени пред да се одржи референдумот за иднината на Велика Британија во ЕУ до крајот на 2017 година .

Вработен од парламентот изјави: "Сега ЕУ признава дека сме сериозни. Тоа се случува и нема излез. Тие сфаќаат дека треба да се бориме заедно, ако сакаме да се задржи членството на Велика Британија во ЕУ. "

Слично

Поврзани вести