ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ОДЛУЧУВА: Дали да остане или да си замине од ЕУ?
Во Велика Британија започна историски референдум за Кралството и за Европа.
Британските граѓани одговораат на прашањето: „Дали треба Обединетото Кралство да остане членка на Европската унија, или да ја напушти?“.
Право на глас имаат 46,5 милиони британски државјани.
Излезот на гласачи останува непредвидлив, бидејќи до последно студиите не можат да покажат надмоќ на една од двете страни.
Во последните денови надеж дека земјата ќе остане дел од Унијата изразија водечките политички лидери од целиот свет, меѓу кои германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и самиот премиер на Велика Британија Дејвид Камерон.
Слично
