Економија, финансии, бизнис

Контакт

Велика Британија нема да даде дополнителни две милијарди евра за европскиот буџет

Велика Британија нема да даде дополнителни две милијарди евра за европскиот буџет
Британскиот премиер Дејвид Камерон пресече - Велика Британија нема да издвои дополнителни 2,1 милијарди евра за буџетот на ЕУ до 1 декември, како што бараше Европската комисија. Камерон пред битанскиот Парламент најави дека Лондон има намера да ја оспорува висината на придонесот што го бара Брисел. Но, ЕУ не е подготвена да прави отстапки, стравувајќи дека доколку и попушти на Велика Британија во однос на буџетските придонеси, тоа ќе го побараат и останатите земји-членки. Еврокомесарот за буџет Јацек Доминик најави дека Брисел е подготвен да воведе санкции против Обединетото Кралство доколку земјата до 1 декември не си ги исплати обврските. Одлуката за тоа колкаво ќе биде учеството на една земја-членка во европскиот буџет се носи врз основа на статистичките податоци за нејзиниот БДП.
Слично

Поврзани вести